Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности.
- Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, подобрососедски ориентиран, наместо на билатералните прашања ќе се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ ќе биде вистински промотор на копенхагеншките критеруми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век, рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата од парламентарните избори во Бугарија, каде денеска граѓаните гласаат за избор на 52. состав на Народното собрание.
Премиерот истакна дека е и благо разочаран од нискиот одѕив на македонските Бугари, бидејќи само 250 покажале интерес за учествуваат на изборите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
