Вести Македонија

Факт е дека контаминирана вода се излива во реката Вардар, но тоа не значи дека Вардар е контаминиран со шестовалентен хром по целото течение, објаснува Илијоски во Топ Тема

„Во однос на растворување од обична чиста вода од врнежи, значи, шестовалентниот хром се раствора и со водите од врнежи се дистрибуира, се инфилтрира во подземните води и ги загадува подземните води, објаснува Илијоски, а подземните води во кругот на депонијата се загадени со содржина на шестовалентен хром од рангот на 10 милиграми, 100 милиграми, 130 милиграми, 500 милиграми. Значи, 500 милиграми е 50.000 пати зголемена концентрација. Значи не еднаш, не 10, не 100 – 10.000, 30.000, 50.000 пати се загадени подземните води. И сега, тие подземни води кои се во зоната на депонијата, кои се загадени, прават постојан притисок на реката Вардар и постојан притисок на масивот Жеден. Значи, целиот систем е под притисок“, рече професорот Златко Илијоски во вечерашната Топ Тема.

30% од водата што доаѓа во Рашче, доаѓа токму од Вардар и од Жеден. 10% од Вардар, 20% од Жеден, 70% од Шар Планина, така е според претставниците на Скопски водовод.

  • Вкупната количина која истекува од изворот Рашче на годишно ниво е од 150 милиони метри кубни до 165 милиони кубни вода. Од нив 100 милиони се трошат во за водоснабдување на скопски регион. Околу 25 до 30% е количина на вода која е од сопствениот масив, од Жеден, вода што се инфилтрира (кај што иде подземната вода со 50.000 пати поголема концентрација). 40% е од таа страна, од Горен Полог каде што се наоѓа и оваа депонија, и околу 30% е од вода Вардар. Значи, и Вардар како вода, доколку се контаминира со шестовалентен хром, ќе има влијание на квалитетот на водата во изворот Рашче, вели Илијоски.

На прашањето дека подземните води одат во Вардар, какови се мерењата, има ли контаминација на водата, Илијоски рече дека последните истражувања покажале дека водата во Вардар пред депонијата била потполно исправна.

  • За водата од реката Вардар во тој дел каде што е, во 2019 година имавме студија, хидрогеолошка студија за испитување на квалитетот на подземните води во зоната на депонијата. И направивме анализи на вода од реката Вардар пред депонијата – водата беше потполно исправна. Анализа на вода во реката Вардар на 100 метри под депонијата, земена на левата страна, покажуваше седум пати зголемена концентрација на шестовалентен хром во таа зона, од левата страна. Значи, факт е дека контаминирана вода се излива во реката Вардар, но тоа не значи дека реката Вардар е контаминирана со шестовалентен хром по целото нејзино течение, објасни професорот Златко Илијоски во вечерашната Топ Тема.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Понудената откупна цена за јачменот не ги покрива ниту трошоците за производство – велат земјоделците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе