Вести Македонија

Расте бројот на прекршоци уловени со „Безбеден град“, но се намалува бројот на граѓани што се жалат на казните

Побезбедно во сообраќајот, но движењето од еден до друг крај на Скопје сега е поспоро бидејќи правилата и ограничувањето од 50 километри на час мора да се почитуваат. По вториот месец на активна примена на Безбеден град, граѓаните ги гледаат позитивните промени во скопскиот сообраќај, но имаат и предлози како да се намали гужвата.

  • „Јас би направила како што беше порано. Парни броеви во еден ден, а непарни во друг ден бидејќи се создава многу голема гужва и за пешаци и за возачите“, вели граѓанка.
  • „Добро е сега. Побезбедно е“, заклучува жител.
  • „Младите не почитуваат ни камери ни казни. Пак има некои со јаки коли кои поминуваат на црвено светло“, смета граѓанин.

Во март, „Безбеден град“ фатил над 26 илјади сообраќајни прекршоци.

Најголем дел од нив, повеќе од 25 илјади, се за брзо возење, додека значително помал број се за нерегистрирани возила и минување на црвено светло. Споредбено со минатиот месец во март, се пишани седум илјади повеќе прекршоци отколку во февруари.

Пролетта, на улица ги враќа и моторџиите.

Од Мото асоцијацијата порачуваат дека моторџиите треба да се почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот, исто како и сите други.

Нагласуваат дека треба казни и за оние моторџии кои не ги почитуваат правилата.

  • „Прво и основно кацигата е законска обврска. Нормално и безбедно за самиот возач. Да, имаме некои ситуации каде што гледаме дека луѓето возат без кациги и најчесто тоа се оние кои сакаат да бидат видени на мотор. Значи возењето мотор е пред се задоволство, а не реклама“, изјави Борче Серафимовски од Мото Асоцијацијата на Македонија.

Статистиката на прекршоци од Безбеден град расте, но се намалува бројот на приговори во Кривичниот суд. Во март се доставени 65 приговори, главно од физички лица, што е за 7 пати помалку од претходниот месец.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе