Транспаренси Интернешнл-Македонија го објави новиот месечен барометар на корупција за март 2026 година, кој ја следи состојбата со коруптивните практики и дејствија на институциите.
Во рамки на „Бистро-Матно“ беа пријавени сериозни случаи, меѓу кои случајот со директор на Државниот инспекторат за земјоделство кој беше уапсен поради барање поткуп од 50.000 евра, како и сомнежи за неправилности во судството, државната администрација и изборните процеси.
Исто така, аналитичарите констатирале сериозни неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците, ДИК и инспекциските органи, додека многу институции сè уште не ги заштитуваат укажувачите, а корупцијата во здравството продолжува да се манифестира преку плаќање за побрз пристап до услуги.
Во позитивен контекст, Уставниот суд започна со пренос на седници во живо, Антикорупциската комисија поведува постапки против 234 советници кои не доставиле имотни изјави, а Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на „Комунална хигиена“ за злоупотреба на службената положба.
