Вести Македонија Топ вести

Кој ќе го води „Талир“ за ВМРО-ДПМНЕ? – одлуката на Савески испратена до обвинителствата

Sudenje Talir 29.01.2026 Lence Ristoska

Кои обвинители ќе ги земат предметите за Талир 1 и 2 кои до сега ги водеше Ленче Ристоска а каде засегната е партијата ВМРО ДПМНЕ, сè уште нема одлука. Државниот обвинител Савески денес испратил известувањата до сите обвинителства дека ги повлекува сите дадени овластувања со кои обвинителите можеа да водат предмети што не се од нивните матични обвинителства, потврдија од обвинителството. Исклучок се големиот предмет за пожарот во „Пулс“ и за обвинителствата без обвинители.

За колку предмети станува збор за сега нема точна бројка но меѓу предметите што ги следеше јавноста што ги водеа обвинители со овластување, освен Талир 1 и 2 Феникс за спомениците Скопје 2014, Жан Митрев, предистрагата за модуларната и другите предмети.

Вчера државниот обвинител оваа одлука ја претстави како чекор кон воведување ред и исклучи политичка заднина

Предметот „Талир 2“ за замрзнатото седиште на ВМРО ДПМНЕ застарува во август. „Талир 1“ е за финансирањето на партијата и одбраната пред неколку месеци побара изземање на обвинителката Ленче Ристоска за кое до сега немаше одлука.

Премиерот Мицкоски денес не ја коментираше одлуката на Савески од која произлегува дека Ристоска повеќе нема да биде обвинител во предметот каде е обвинета ВМРО-ДПМНЕ но му ги повтори очекувањата на Савески поврзани со СЈО 27 април и предметите во фиока. Од партијата уште вчера попладне се огласија за одлуката на Савески со вербален напад против поранешни обвинители од СЈО.

„Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на јавни обвинители во понеделникот одлучи дека премиерот Мицкоски не ја нарушил самостојноста на обвинителката Ленче Ристоска и не испрати порака до политичарите за реториката кон обвинителите. Претседателот на Советот вели ако има прозивки или навреди ќе ги разгледаат.

Последните одлуки на новиот државен обвинител за опозицијата се доказ дека тој работи по диктат на премиерот Мицкоски. „Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси?“ – изјави денес лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе