Вести Свет Топ вести

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели.

Трамп,  ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на Блискиот Исток, денеска во три часот наутро по средноевропско време, пренесе Си-Ен-Би-СИ.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта во 9:30 часот падна за 4,23 отсто на 97,089 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ за 4,1 отсто на 99,704 долари.

Индексот на Франкфуртската берза DAX порасна за 3,02 отсто на 23.315,72 поени, францускиот CAC 40 за 2,32 отсто на 7.998,52 поени, британскиот FTSE 100 за 1,76 отсто на 10.353,26 поени, а московскиот MOEX за 0,21 отсто на 2.782,03 поени, објави МИА.

Европските фјучерси на гас за мај на отворањето на амстердамската берза TTF се продаваа по цена од 49,765 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 4.732,22 долари за троја унца, а цената на пченицата падна на 6,0708 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на валутната берза Forex изнесува 1,15880 долари, што е за 0,3 отсто повеќе отколку на почетокот на тргувањето.

Трамп: САД ќе завршат со нападот врз Иран за 2 до 3 недели

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе