Вести Македонија Топ вести

Салмонела е причината за труењето со храна кај 191 вработен во РЕК Битола

Салмонела е причината за труењето со храна кај 191 вработен во РЕК Битола, кои на 24 март консумираа лазањи со сос во работничката менза. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите на земените брисеви од вработените и од работните површини. Кај 24 пациенти лабораториски е потврдено присуство на салмонела од групата Д, кај еден од вработените во кујната е утврдена стафилококна бактерија, а отстапувања има и кај брисевите од површините во кујната.
Врз основа на клиничката слика и лабораториските наоди, станува збор за појава на салмонелоза. Позитивните наоди од брисевите од работните површини укажуваат на пропусти во примената на хигиенските мерки, но тие не се директно поврзани со појавата на епидемијата и труењето со храна. Причинител најверојатно е бактеријата салмонела, која што е изолирана кај пациентите, изјави директорката на ЦЈЗ Битола, Светлана Поповска-Кљусева.

Кај анализираните мостри од храна не е утврдено присуство на патогени бактерии, но начинот на дистрибуција и консумација на оброкот се смета за клучен фактор, односно во Рудникот Суводол, храната се јаде подоцна, откако ќе им биде доставена на варботените, со што постои можност салмонелата брзо да се размножи

Епидемиолошкото истражување покажува дека сите заболени лица се поврзани со Рудникот, каде храната била дистрибуирана како спакуван оброк и консумирана со временско одложување. За разлика од тоа, кај вработените во Термото нема регистрирани случаи, што се поврзува со тоа што таму храната се консумирала веднаш по подготовката, во контролирани услови, додава Поповска-Кљусева.

Работничката менза во РЕК Битола е затворена од 25 март, веднаш по инспекцискиот надозр кога беа утврдени хигиенски пропусти. Дадена е препораки за генерално и механичко чистење и дезинфекција на кујната, редовно одржување на хигиената, како вонредни санитарни прегледи на сите вработени во кујната.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе