Вести Македонија Топ вести

Приведени четири лица за убиството во Виница

Поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин, а приведени се вкупно четири лица за убиствито кое е извршено во Виница.

По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на  расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата, информира МВР.

Приведени се И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Грција и С.З.(57) од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани.

Безживотното тело на 56-годишниот Д.А. беше пронајдено вчера во близина на градските гробишта во Виница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе