Вести Свет Топ вести

„Вашингтон пост“: Пентагон се подготвува за повеќенеделни копнени операции во Иран

Пентагон се подготвува за повеќенеделни копнени операции во Иран, а секоја потенцијална мисија ќе биде со помал обем од инвазија со полни размери и би можела да вклучува микс на специјалци и конвенционални пешадиски трупи, соопштија американски претставници за „Вашингтон пост“ под услов на анонимност.

Еден од нив рече дека за реализација на целите кои се разгледуваат, веројатно ќе бидат потребни „недели, а не месеци“. Друг, пак, процени дека потенцијалната временска рамка за некој од видовите на операции е неколку месеци.

Ако американскиот претседател ги одобри плановите, тоа би значело нова фаза на ескалација на војната која би можела да биде значително поопасна за американските сили, отколку првите четири недели.

Илјадници американски маринци веќе пристигнаа на Блискиот Исток, но не е познато дали Трамп ќе ги одобри сите, некои или ниту еден од плановите на Пентагон.

Дискусиите во американската администрација досега допреа до можно заземање на островот Харг кој се смета за клучна иранска точка за извоз на нафта во Персискиот залив, како и напади на други крајбрежни подрачја во близина на Ормускиот теснец за пронаоѓање и уништување на оружје кое може да гаѓа комерцијални и воени бродови, рекоа официјални претставници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе