Полициски службеници од хеликоптерската единица и САЕ Тигар успешно евакуираа повредено лице од Шар Планина
- Денеска (07.03.2026) полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.
Имено, по добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, соопшти МВР.
Повреденото лице успешно беше транспортирано до Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
