Од 2019 до денот кога Ивана решила да си го одземе нејзиниот и животот на нејзината 6 годишна ќерка Катја била малтретирана од нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски за кого обвинителството сега бара притвор.
Јовановски седум години во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди на неговата сопруга по целото тело.
Безизлезната состојба ја натерала заедно со детето да скокне од балконот од зградата во Тафталиџе.
- ЈОРСМ: „Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.“
И тој трагичен ден Ивана била два пати нападната. Нејзиниот сопруг со кој била во бракоразводна постапка најпрвин и се заканувал и ја удирал во близина на нејзиното работно место.
Потоа и на патот накај Кривичниот суд додека ги возело третот лице продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност.
Во близина на судот повторно физички ја нападнал. Ивана се здобила со хематоми по главата и телото.
- ЈОРСМ: „Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството.“
Најмалку два пати и Центарот за социјани работи Скопје откако било поднесено барањето за развод бил запознаен дека Ивана била физички нападната од сопругот.
Обвинителството ги проверува социјалните работници по смртта на мајка и ќерка во Тафталиџе
Во декември во парк во Ѓорче Петров за кој центарот добил допис од МВР и за кој имало и сведоци, потоа во јануари кога Ивана била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хриругија и била пронајдена во бесознание и со видливи значи на насилство.
Обвинителството отвори предмет по допрен глас по утврдените неправилности при инспекциски надзор на социјалните работници.
МВР проверува дали имало пропусти кај полицајците кои биле повикани на Клиниката по физичкиот напад врз Ивана.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе врши проверки и ги прибира сите релеванти информации и докази за тоа како полицијата постапувала по пријавите.
Обвинителството му го продолжи притворот за уште осум дена.
Јовановски досега беше во краткотраен притвор и се гони за наведување за сторување на самоубиство, нанесување на телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозвување на сигурноста.
Марија Митевска
Б.С.
