Вести Македонија Топ вести

632 македонски државјани побарале евакуација- шест од нив се враќаат утре

Повеќе од 600-тини македонски државјани се обратиле за информации и помош за евакуација од загрозените подрачја на Блискиот Исток. Во Доха, помош побарале 136 македонски државјани, а најголем број пријави се евидентирани од граѓани кои се наоѓаат во Абу Даби, вкупно 477 лица, за кои во моментов се финализираат техничките и логистичките подготовки за нивно враќање со чартер-летови, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во Израел, бројот на наши граѓани што побарале асистенција останува непроменет. Шест лица веќе ја завршиле евакуацијата, заминувајќи на сопствен трошок со комерцијални летови кон Скопје.

Преостанатите шест лица се очекува во текот на денот да бидат пренесени по копнен пат до Египет, а утре со владиниот авион да се вратат во државата.

  • „Во делот на македонските државјани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби, во координација со надлежните институции, е во фаза на финализирање на техничките и логистичките детали за организација на чартер-летови. Целта на Министерството е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да обезбеди неколку чартер-летови за евакуација на пријавените лица. Истовремено, нашите дкп-а прават и посебен план за евакуација на граѓаните кои се во Бахраин и Кувајт“, велат од МНР.

Во однос на чартер-летовите, согласно заклучок на Владата, започната  е постапка за јавна набавка по скратена постапка, за да се обезбеди безбедна евакуација, додаваат од МНР.

  • „Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија“, велат од МНР.

Како што соопштија од српското Министерство за надворешни работи ноќеска во Белград слетал авион на „Ер Србија“со 67 патници евакуирани од Израел. Тие во Србија пристигнаа преку градот Шарм ел-Шеик во Египет, од каде што било полетувањето.

Покрај државјани на Србија, на евакуацискиот лет имало и државјани на Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Хрватска. Македонското министерство информира дека и натаму остануваат препораките до граѓаните кои се наоѓаат во кризните подрачја да ги следат насоките на тамошните власти. На располагање се 24 часа и телефоните на кризниот штаб на МНР, како и на македонските амбасади и конзулати во земјите од Блискиот Исток.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе