Екстрадирано е лице од Дубаи кое беше барано со меѓународна потерница од македонската полиција, соопшти министертсвото за внатрешни работи (МВР).
„Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ“, соопшти МВР.
Од МВР информираат дека ова е прва екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.
