Вести Свет

Белата куќа: Иран би бил „многу мудар“ доколку постигне договор со САД

Белата куќа порача дека Иран би бил „многу мудар“ доколку постигне договор со САД, додека претседателот Доналд Трамп разгледува можни нови воени опции против Техеран.

Портпаролката Каролин Левит изјави дека Трамп сè уште се надева на дипломатско решение за иранската нуклеарна програма, но нагласи дека постојат „многу причини“ за евентуален напад.

Американските медиуми јавуваат дека Трамп разговарал со советници за можни удари, кои би можеле да се случат веќе викендов, иако конечна одлука сè уште нема.

Тензиите растат и покрај извештаите за напредок во разговорите меѓу САД и Иран во Женева.

Врховниот лидер Ајатолах Али Хамнеи предупреди дека американските закани нема да ја одредат судбината на преговорите, додека иранската Револуционерна гарда одржа воени вежби во Ормутскиот Теснец – клучна рута за глобалниот извоз на нафта.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе