Владините летови, минималната плата, лекувањето на ретките болести, правосудниот испит и новиот закон за високо образование се најдоа и во опозициските пратенички прашања на денешната седница.
Од СДСМ обвинија дека законот се носи на нетранспарентен начин и без слух за укажувањата на универзитетската фела.
Побараа министерката за образование да го повлече законот, но таа одби.
Тврди дека во неговата изработка учествувале 60-на професори, а деновиве ќе има јавни расправи на сите државни универзитети, додека вчера имала состанок и со претставници од приватните.
Еве дел од дебата меѓу Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка од СДСМ и Весна Јаневска, министерка за образование
