Вести Македонија

Законот не ги стимулира издавачите да печатат учебници за малите етнички заедници

Недостасуваат учебници за учениците од етнички заедници во Македонија. Проблемот е што со новиот Закон за учебници за основно и средно образование, кој е на сила од лани, авторите ги пријавуваат трудовите кај издавачките куќи, но тие немаат сметка да ги печатат учебниците поради малиот тираж. Ова денеска се дискутираше на дебатата во Министерството за односи меѓу заедниците, во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. За проблемот алармираа од српската заедница во Македонија, а истото, како што рекоа, се однесува и за босанската заедница.

  • „Министерството за образование треба да објави конкурс. А, издавачките куќи не прифаќаат. Ние пишуваме и тие трудови што се напишани воопшто не можат, воопшто не им се исплати на издавачите куќи. Така што нашите ученици, деца, остануваат без учебници“, рече Дарија Ковечевиќ-Божиновска, наставничка – ментор во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во село Кучевиште.

Истиот проблем се јавува и за изборниот предмет Јазик и литература кај учениците од ромската заедница. Претставничка од оваа заедница, вработена во МОН, најави дека годинава ќе биде објавен учебникот за 6-то одделение за првпат, за 7-мо е отворен конкурсот, а за 8-мо и 9-то одделение допрва ќе се отвораат јавните повици.

  • „Ако нашите заедници конкретно направат напори да се соработува со издавачките куќи и да се креира соодветна рецензентска комисија, мислам дека сите од нашите заедници би имале напредок“, изјави Арабела Иљаз, претставничка од ромската заедница во МОН.

Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ рече дека имаат ветување од МОН за надминување на проблемот, но и тие ќе се вклучат во неговото решавање.

  • „Затоа што буџетите се ограничени, дали преку спонзорства или на други начини, затоа што не станува збор за многу големи средства, да изнајдеме начин од почетокот на идната година припадниците на помалите етнички заедници да имаат свои учебници“, нагласи Иван Стоиљковиќ, министер за односи меѓу заедниците.

Министерот посочи дека проблем е и наставниот кадар за учениците од етничките заедници.

На настанот беа врачени благодарници на наставници и на Инститот за македонски јазик и на Музејот на албанската азбука за негување и афирмација на јазиците на заедниците во Македонија.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе