Владата на Словачка прогласи вонредна состојба во нафтената индустрија во земјата поради прекинот на испораките преку надфтоводот Дружба и одлучи да позајми до 250.000 тони нафта за рафинеријата Словнафт во Братислава.
На Словнафт се потребни меѓу 7.300 и 7.500 тони нафта дневно, а државните резерви би требале да покријат најмалку еден месец работа до воспоставување на алтернативни испораки, пренесува порталот тераз.ск.
Позајмувањето е планирано како привремена мерка, а Словнафт е обврзан да ја врати нафтата до септември оваа година. Компанијата притоа мора да достави и финансиска или банкарска гаранција во висина на евиденциската врендост на нафтата.
Словачкиот премиер Роберт Фицо, по седницата на владата, соопшти дека Словнафт веднаш го прекинува извозот на дизел за Украина, како и сите други извовни производи. Сите нафтени деривати кои ги произведува Словнафт ќе бидат наменети исклучиво за домашниот пазар.
