Вести Македонија

Стојановски: Во кичевскиот регион дел од евакуираните жители остануваат згрижени во спортска сала и ќе бидат таму сè додека не се санираат нивните домови

Институциите остануваат на терен и по повлекувањето на водата. Во координација со локалните самоуправи се работи и на справување со последиците и на стабилизирање на состојбата во погодените подрачја изјави Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи.

„Двете институции се присутни на теренот и заедно со локалните самоуправи работат и на справување со состојбата и на отстранување на влијанијата од направените штети“, изјави Стојановски.

Во кичевскиот регион дел од жителите сè уште се евакуирани.

„Луѓето се сместени во спортската сала, згрижени со поддршка на локалната самоуправа и Црвениот крст и таму ќе останат сè додека не се санираат нивните домови“, посочи тој.

Во општина Гостивар, особено во селото Форино кое беше најпогодено во неделата, биле зафатени околу 500 објекти.

„Се врши испумпување на водата и расчистување на шутот и отпадот – камен, чакал и друг материјал што остана во дворовите“, вели Стојановски.

Во Општина Сарај, како што информира тој, веќе е завршено санирањето на штетите од попладневниот бран, додека кај реката Слупчанка во липковскиот регион најмногу биле погодени земјоделски површини и дел од селото Опаја.

„Состојбата таму се стабилизира, реката се врати во своето корито и сега се работи на расчистување и создавање услови за враќање на раселените лица“, нагласи Стојановски

Големите акции за чистење на речните корита, според Стојановски, се спроведувале пред повеќе од 10 години.

„Колку што се сеќавам, првата голема акција започна во 2009 година преку Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК, во соработка со локалните самоуправи. Втората се одржа околу 2013 година со Водостопанство на РМ, повторно со поддршка на ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа се последните големи чистења на реките и речните корита“, изјави Стојановски.

Тој објаснува дека оттогаш поминале цели 13 години без поголеми интервенции. Тешките финансиски состојби не дозволуваат такви поголеми зафати и влијанија во рамки на Водостопанство, особено во неурбаните средини додава Стојановски посочувајќи дека во урбанизираните подрачја надлежност имаат градоначалниците, каде што речните корита се регулирани и изградените бедеми го намалуваат ризикот од излевање за разлика на неурбанизираните подрачја каде несовесноста игра голема улога.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе