Вести Македонија

СДСМ обвинува дека нема пари за 600 евра плата, а има за луксузирање на Мицкоски со владин авион – од владата со одговор нема никаква форма на злоупотреба со лирџетот

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира со владин авион врз грбот на народот, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација, Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот. Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај можат да си ги прехранат семејствата и да им одговори: „Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион?“ – Затоа ли се најавува купување на нов владин авион, за уште повеќе приватни патувања со народни пари?“, посочи Кузеска.

Владиниот авион е користен исклучиво согласно прописите и актите за негово користење, реагираат од Владата по обвинувањата од СДСМ кои ги оценија како класичен пример за политичка хипокризија. Од Владата велат дека секое користење на владиниот авион е евидентирано, документирано и предмет е на институционална контрола и додаваат дека не постои каква било форма на злоупотреба.

„Кога беа на власт ги уриваа стандардите на отчетност, ги злоупотребуваа службените ресурси до максимум, а никогаш не иницираа суштински реформи напротив, токму во нивниот период на владеење, јавноста беше сведок на безброј злоупотреби. Истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста“, одговорија од владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе