Вести Македонија Најважни

Владата го чека мислењето за државен обвинител

Советот на јавните обвинители денеска треба да го даде своето мислење до Владата за петте кандидати за нов државен јавен обвинител.

Овој став е клучен за понатамошната постапка на именување, бидејќи Владата може да предложи кандидат до Собранието само по позитивно мислење од Советот.

Меѓу кандидатите се поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ, како и судијата Ненад Савевски.

Еден од нив ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември минатата година.

Процесот започна со оглас на Собранието на 12 јануари, со рок за пријавување од 15 дена. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од кривично право. Новиот државен јавен обвинител ќе биде избран со мнозинство од 61 пратеник во Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе