Вести Забава Спорт

(Видео) Не се потшишал 493 дена, чека Манчестер Ј. да „врзе“ пет победи – навивач на „црвените ѓаволи“ сака да добие нова фризура на тревникот на „Олд Трафорд“ од раце на некој од фудбалерите

Започна како идеја за забава на социјалните мрежи, но оттогаш минаа 493 дена во кои прерасна во нешто многу повеќе отколку што првично очекуваше. Френк Илет, познат и како Јунајтед Стренд во видео на 5 октомври во 2024 година објави дека нема да се потстрижува сè додека Манчестер Јунајтед не оствари пет победи во низа.

Во видеото, тој објави анкета во која ги праша следбениците, тогаш во релативно мал број, за мислење кога ќе добие нова фризура – во 2024, во 2025 или во 2026 година? – Од 27.000 одговори од кои 90 проценти се однесуваа на 2026 година.

Се чинеше дека сè наскоро ќе заврши. Јунајтед имаше четири врзани победи – против Манчестер Сити, против Арсенал, против Фулам и против Тотенхем, пред мечот со Вест Хем, клуб од дното на табелата, кој е во опасност од испаѓање.

Мечот со Вест Хем го пролонгира потстрижувањето

Натпреварот против лондонскиот клуб, одигран на 10 февруари 2026 година, заврши 1:1, што го пролонгира исчекувањето на Илет и за пет победи едноподруго и за нова фризура. Не само што досега доста му порасна косата, туку и порасна и бројот на негови следбеници на мрежите. Сега ги има повеќе над 2,3 милиони.

Повеќе од 365 дена, или цела година, од почетокот на предизвикот, Илет за „Би-Би-Си спорт“ изјави дека концептот „без победа, без заштеди“ првично го замислил како забава и за „споделување на оптимизам“ во фрустрирачки период за навивачите на Јунајтед.

„Сакав да им донесам радост и забава на другите навивачи на Манчестер Јунајтед во овој чуден период за клубот“, рече тој.

Според Илет, немало голем план, само ентузијазам и фудбалски тим во лоша состојба.

„Мислев дека ќе заврши за три или четири месеци. Требаше да биде смешно и ќе беше. Но, не излезе баш така“, изјави Илет за „Би-Би-Си спорт“.

Најдолгата низа на Јунајтед без пет победи во низа траеше 902 дена

Последен пат кога Јунајтед успеа да победи пет пати по ред беше меѓу јануари и февруари во 2024 година. Најдолгата низа на Јунајтед без пет последователни победи траеше 902 дена. Заврши во јануари во 1999 година, а Илет не сака да се задржува на таа статистика.

„Го започнав предизвикот, мислејќи дека е само моментален пад на формата, особено затоа што Јунајтед го освои ФА Купот во мај. Не мислев дека всушност е полошо и дека ќе трае толку долго“, вели тој.

Како што минуваа месеците, предизвикот еволуираше.

Она што започна како лежерен видео предизвик, стана видлив симбол на проблемите на Јунајтед, а косата на Илет се споделува на социјалните мрежи како неделен потсетник за тоа колку ниско паднале.

„Мојата коса е визуелен доказ за падот на Манчестер Јунајтед и дека клубот не е таму каде што треба да биде. Затоа, разбирам зошто клубот не ме контактираше, но се надевам дека, како што ќе напредуваат работите и ќе имаме малку повеќе позитивна енергија околу клубот, ќе бидеме во контакт“, додаде тој.

Сака да се потстриже на „Олд Трафорд“ од раце на некој од фудбалерите

Заедно со растечкото внимание, дојде и финансиски успех, зголемен број следбеници и влијание на интернет, како и одговорност што не ја очекуваше.

Илет сега има агент кој се занимава со комерцијални работи и соработува со големи медиумски брендови. Со други зборови, заработува пари од растењето на косата.

Кога го прашале каде би сакал да ја добие својата фризура од соништата, Илет за „Би-Би-Си Спорт“ вели дека има само едно место на ум.

„Би било неверојатно ако ми дозволат да ја скратам косата на теренот на Олд Трафорд. А, ако некој од играчите ми ја скрати косата или нешто слично… ќе видиме“, порача тој.

Извор: BBC Sport

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе