Вести Македонија

Обид за киднапирање на Кајмакоски

Даниел Кајмакоски, македонскиот поп-пејач бил киднапиран ноќеска во Белград. Српските медиуми објавија дека Кајмакоски бил пресретнат од вооружени лица близу „Бетон хала“ во Белград околу 2 часот по полноќ.

Киднаперите му се заканиле со нож и пиштол, го врзале и го ставиле во автомобил обидувајќи се да му изнудат 20.000 евра.

Кајмакоски бил спасен откако полицијата го пресретнала автомобилот кај градот Рума.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот, кој бил пронајден со врзани раце, е згрижен.

Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица,  било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.

Двајцата претходно со нож и огнено оружје го киднапирале Кајмакоски.

Српското МВР потенцира и дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите барале пари од пејачот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за 2-годишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе