Вести Најважни Свет Спорт

ЗОИ 2026 -Македонија ќе ја претставуваат четворица олимпијци

Во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026.

На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2 900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, а паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Јада.

Македонскиот олимписки тим во Италија е составен од најдобрите спортисти во своите дисциплини. Најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, 19-годишната Јана Атанасовска ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, а во овие две дисциплини во машката конкуренција ќе настапи и 26-годишниот Петков.

Најискусниот во македонскиот состав, 27-годишниот Јада, кому ЗОИ 2026 ќе му бидат трет олимписки настап, ќе се натпреварува во нордиските трки спринт и 10 километри интервал старт, а во кои во женска конкуренција ќе се појави и 25-годишната Ана Цветановска, на која ова е и втора Зимска Олимпијада по онаа во Пекинг 2022.

Распоредот за настап на македонските нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе