Вести Македонија Топ вести

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси.

„Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање голем број занаетчиски бизниси“, рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.

Како што истакна Ристовски, зголемувањето на минималната плата на 600 евра директно ќе ги засегне занаетчиите што паушално плаќаат данок по решение од УЈП и занаетчиите што плаќаат данок по реално остварен приход.

Претседателот на Комората нагласи дека во Скопје има над 2.300 занаетчии, а на ниво на Македонија се речиси 8.000. Недостиг на работна сила има во сите сектори, но добро е, оцени Ристовски што сè повеќе ученици се заинтересирани за дуално образование.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе