Верувам во нашите институции, верувам во МАНУ, не можам да кажам со сигурност, но имајќи во предвид за каква држава се работи, за каков универзитет во Америка, мислам дека многу мали се можностите да има некој тип на злоупотреба, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во „Директно“ на ТВ Телма за проектот со обезбедување на примероци на човечки мозоци и нивни транспорт во САД во научно-истражувачки цели.
„Знаете, да направите транспорт на медицински материјал, на биолошки материјал од една во друга земја, има строги протоколи. Не само кај нас, туку и во сите други земји, особено во САД. Имајќи во предвид профилот на луѓе кои што биле вклучени, и локални и во САД, ценам дека ова е само еден научен проект кој што имал за цел да добива материјали и резултати, поврзани со науката“, изјави Алиу.
С.Д.
