Полициски службеник бил лишен од слобода, откако бил затекнат како управува возило без возачка дозвола на булеварот „Македонија“ во Делчево, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР).
Станува збор за 23-годишен жител од селото Тработивиште, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски таблички.
По извршената контрола, запознаен бил јавен обвинител по чија насока возилото е одземено, а лицето лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
