Денеска во судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и беа повредени повеќе од 200 млади. На денешното рочиште се слушаат искази на пет сведоци кои биле присутни во објектот за време на трагедијата.
На претходните рочишта, дел од сведоците укажаа на недостаток на противпожарни апарати, ограничени излези и нерегулирана употреба на пиротехника.
Денешното рочиште почна со барање од одбраната да се промени обвинението по примерот за осомничените полицајци, бидејќи не може сите да одговараат за предизвикување општа опасност со сериозни последици.
Колешката Марија Митевска се вклучи во вестите во 12:30 часот со детали за денешното рочиште за пожарот во „Пулс“.
