Вести Економија Топ вести

Бизнис Објектив: Бројни забелешки на предлог законот за заштита од пушење – Алиу вели ќе ги разгледаме

Низа забелешки упатени до Министерството за здравство стигнуваат во однос на предлог законот за заштита од пушење. Од Групацијата за производство на цигари алармираат дека иако законот има добра намера, сепак ќе предизвика финансиски и економски последици, без притоа да има значителни импликации во однос на здравствениот сегмент.

Угостителите конкретно реагираат дека ако целосно се забрани пушењето ќе се намалат и нивните приходи, но ефектот верижно ќе се пренесе и на приходите на добавувачите на храна и пијалоци бидејќи помалиот промет во рестораните значи и помали набавки.

Од Сојузот на стопански комори велат дека новините значат сериозен финансиски удар за компаниите, но и за државниот буџет. Неопходно е фазно имплементирање и период за адаптација наспроти најавата дека доколку се усвои, законот ќе се применува од 1 март.

Малите трговци, односно тобака и мини маркети, кои најчесто се семејни бизниси, стравуваат дека финансиските загуби може да ги доведат во позиција да ги затворат продавниците со оглед на тоа што најголем дел од приходот го остваруваат токму од продажба на цигари и тутунски производи.

Казината и обложувалниците, пак, бараат да бидат изземени од законот, односно заради природата на нивната дејност да им се дозволи да обезбедат соодветни простори за пушење.

Министерот за здравство Алиу за „Телма“ вели дека веќе одржале неколку состаноци, но ќе ги разгледаат сите реакции, идеи и предлози и ќе разговараат со сите засегнати страни. Ова е сепак само работна верзија на законот, вели министерот, посочувајќи дека има простор за измени, а што ќе биде прифатено зависи од експертскиот тим.

Мирјана Јовеска

Повеќе на оваа тема гледајте во емисијата Бизнис Објектив на Телма во 20:15

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе