Вести Македонија Топ вести

Непознати во јавноста, познати во партијата – нови членови на УО во јавните претпријатија на Град Скопје

Советот на Град Скопје изгласа нови 117 членови на управните одбори на јавните претрпијатија и установи кои се под ингренеции на Градот, за кои пред гласањето, до советниците ги доставил само нивните имиња, но не и биографии. Новите членови на управните одбори беа изгласани со гласовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, без да се одговори на барањата на советниците на другите партии, изборот на советниците да се тргне како точка на дневен ред и за нив да се гласа, откако ќе бидат доставени и нивните биографии.

Поранешната претседателка на антикорупциската комисија и кандидатка за градоначалник на Центар од редовите на „Независни заедно“ за ваквиот избор на членовите на управните одбори за Телма изјави дека со ваквиот избор повторно се изигрува законот и се враќа времето на старите пракси на имиња од „тефтерчињата“. 

„И со златни букви да ги напишеме законите, битна е намерата. Ако е намерата да се работи чесно и да се зане кој ќе управува со јавните претпријатија тогаш и да нема измени во Законот ќе се изберат членови како што треба, а вака не знам какви закони да напишеме повторно ќе си се тера по старо“, вели Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК.

Измените на Законот за јавни претпријатија и тоа во делот на назначување на членови на управни и надзорни одбори се јасни, односно предвидуваат распишување на јавен оглас за пополнување на местат на одборите, но за стручни и компетентни кандидати кои треба да исполнуваат содветни услови. Целта на измените беше да се запрат партиските пазарења и во телата кои го управуваат и конотролираат работењето на јавните претрпијатијата да влезат професионалци.

„Меѓутоа, Законот остава една можност доколку дојде до разрешување на членовите на управните и надзорните одбори, тогаш градоначалникот да предложи нови кандидати, меѓутоа коишто ќе ги исполнуваат условите. И токму тука е проблемот. Јас гледам два проблема, зошто сите се разрешуваат, дали на сите баш сега им завршува мандатот, тоа е прашање. Зошто сега баш сите се разрешени“, изјави Ивановска.

Ивановска вели дека ако градоначалникот веќе се повикува на тој член од Законот, дека со разрешување тој има право да назначи в.д. членови, тој треба да ја убеди јавноста дека тие кандидати ги исполнуваат условите и се компетентни, бидејќи, како што вели Ивановска за Телма, така стои во законот.

Советничката во Град Скопје од редовите на Левица, на Фејсбук објави дека на дел од одборниците во управните одбори мандатот им бил истечен уште на 29 декември во 2025 година, со што тие и не можеле да бидат разрешени и на нивно место назначени в.д. одборници.

„Законот е јасен и предвидува разрешување само при смрт или губење на деловната способност на некој одборник, ако си поднесе оставка, отсуствува од седниците на одборот, отпосле се утврди дека не ги исполнувал условите, добие казна затвор или прекршочна со забрана за вршење на професија. Е сега, откако ќе се разреши некој по овој основ, само тогаш може да се назначи в.д. одборник“, наведува Дарја Мустафаоглу, советничка во Град Скопје од Левица.

Телма побара став од градоначникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за назначувањето на в.д. одборници во управните и надзорните одбори на претпријатијата на градот без да се познати нивните биографии и компетенции, но до овие вести, ниту од него, ниту од неговиот кабинет не добивме одговор.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе