Вести Свет Топ вести

Русија ги замрзнува воздушните напади во Украина до 1 февруари

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати барањето на неговиот американски колега Доналд Трамп за времено замрзнување на воздушните напади врз Украина на одреден временски период. Потврда за ова стигна од портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Тој изјави дека руските сили ќе се воздржат од напади врз Киев до 1 февруари, иако Трамп претходно објави дека побарал од Путин да не пука на Киев и на другите украински градови и инфраструктура една недела поради ниските температури во Украина кои во некои делови паднаа и до -20 степени Целзиусови.

Според Песков, барањето на Трамп и потегот на руската страна е во насока на создавање на „поволни услови додека трааат преговорите во Абу Даби.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе