Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека нема да може да отпатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Секако дека е невозможно да се сретнам со Путин во Москва“, изјави Зеленски, пренесува РБК-Украина.
Воедно, Зеленски гоповика Путин да разговори во Киев.
„Секако, невозможно е да се состанам со Путин во Москва. Тоа е исто како да се сретнам со Путин во Киев. Можам да го повикам во Киев, нека дојде. Јавно ќе го повикам, акмо тој така одлучи, секако“, нагласи Зеленски.
Според него, желба на Украина е конструктивно да се договори за вистинско завршување на војната и за состанок кој би можел да биде продуктивен.
