Сојузот на синдикатите на Македонија најавува протести и штрајкови од втората половина на јануари.
Главното барање е минимална плата од 600 евра и по 100 евра зголемување на сите други плати… Ако Владата и работодавачите не покажат разбирање, не е исклучена можноста за генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор, велат од сојузот.
Како причини ги наведуваат и тоа што функционерите ќе добијат значително повисоки зголемувања на платите, додека работниците се соочуваат со симболично усогласување од околу 25 евра.
Според синдикалните пресметки, на едно семејство му се потребни најмалку 2,6 минимални плати за да ги покрие основните потреби, додека функционерите може да си дозволат 2 до 2,5 синдикални минимални кошници.
Минималната плата во Македонија останува под прагот на сиромаштија, кој изнесува 31.200 денари месечно за четиричлено семејство., велат од ССМ.
Додаваат дека Владата предлага усогласување до 26.000 денари, што е 5.200 денари под прагот… Ги повикуваат граѓаните да се приклучат во борбата за повисоки плати и подостоинствени услови за живот.
