Кошарка Спорт

Кошаркарите утре почнуваат со подготовки за дуелите со Азербејџан и Р. Ирска

Македонската кошаркарска репрезентација утре почнува со подготовки за претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Неуспехот во претквалификациите за Светското првенство што се играат изминатото лето, ја турнаа нашата репрезентација меѓу најслабите европски селекции. Сега треба да започне патот кон враќање на старите патеки. 

Селекторот Марјан Илиевски утре во 12 часот во еден од скопските хотели ќе ја направи прозивката, а потоа од 18:30 часот во салата „Кале“ ќе го одработи првиот тренинг со неговите 15 избраници.

Во овие мини подготовки ќе нема премногу време за воигрување или тренинзи, бидејќи веќе во четврток од 19 часот, Македонија го пречекува Азербејџан во „Кале“ во рамки на првото коло од групата А. Само три дена подоцна или во недела ќе гостуваме кај Република Ирска, а во нашата конкуренција е уште и селекцијата на Луксембург, но со овој ривал ќе се соочиме во февруарскиот репрезентативен прозорец.

Нашата репрезентација треба да заврши на првото место во групата за да се пласира во втората фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година, а понатаму ќе оди и најдобрата второпласирана селекција од трите групи. 

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија/мкд.баскетбалл

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе