Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален натпревар, но Денвер киксна на домашен терен против Сакраменто и загуби со 123-128. Српскиот центар имаше 44 поени, 13 скока и седум асистенции. Кингс ја прекинаа низата од осум порази по ред, а тимот го предводеа поранешниот кошаркар на Нагетс, Расел Вестбрук и Дени Шредер со по 21 поен.
Џејмс Харден постигна тимски рекорд од 55 поени за Лос Анџелес клиперс и го предводеше својот тим до триумф од 131-116 на гостувањето кај Шарлот. Орландо на свој паркет го победи Њујорк со 133-121 благодарение на 37-те поени на Франц Вагнер.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њу Орлеанс – Атланта 98-115
Чикаго – Вашингтон 121-120
Милвоки – Детроит 116-129
Далас – Мемфис 96-102
