Спорт Фудбал

Македонија ќе гостува кај Данска во баражот за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во 2026 година. По денешната ждрепка во Цирих, нашиот тим го доби и потенцијалниот ривал во финалниот бараж, а тоа е победникот од дуелот помеѓу Чешка и Република Ирска.

Македонија секако ќе има тешка задача во баражот, бидејќи двата натпревари ќе ги игра на гостински терен. Прво на 26-ти март ќе гостува кај Данска во полуфиналето, а доколку успее да победи, финалето повторно ќе го игра на гостински терен пет дена подоцна, односно кај победникот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска.

БАРАЖ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026

ПАТЕКА А
ИТАЛИЈА – С. ИРСКА
ВЕЛС – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

ПАТЕКА Б
УКРАИНА – ШВЕДСКА
ПОЛСКА – АЛБАНИЈА

ПАТЕКА Ц
ТУРЦИЈА – РОМАНИЈА
СЛОВАЧКА – КОСОВО

ПАТЕКА Д
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА
ЧЕШКА – Р. ИРСКА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе