Вести Македонија Топ вести

Се уриваат импровизирани домови во Штип

Од импровизирани колиби, до типски куќи. Четириесет и едно ромско семејство добива нов дом, а Општина Штип тврди го решила проблемот со ширење на жолтица и шуга. Багерите уриваа пред камерите кај старото нервно одделние и хотелот „Гарни“.

После повеќе од три децении се уриваат стари објекти на две локации во Штип, во кои во субстандардни услови живееја над 30-тина ромски семејства.

Условите во нив беа причина и низ годините кај децата, но и кај возрасните, да се шири жолтица и шуга.

Градежната механизација влезе во објектите кај хотелот „Гарни“ и во старото Нервно одделение, откако вчера 41 семејство од социјален ризик ги добија клучевите од новите домови во типските куќи во населбата „Мирјанина црква“. Старите објекти се уриваат, а веднаш и просторот се чисти.

Во централното градско подрачје просторот ќе се уреди за паркинг, а кај старото Нервно одделение долж булеварот „Партизанска“ ќе биде зона за домување.

Новите типски куќи кои се дом на ранливи семејства, се изградени со средства од фондовите на ЕУ и од буџетот на Општина Штип и се инвестиција од 650.000 евра.

Виткорија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе