Вести Најважни Свет

Албанија го отвори и петтиот кластер во приговорите за пристапување во ЕУ, Македонија се уште стои во место

Албанија го отвори и последниот, 5-ти кластер во преговорите за пристапување во Европската Унија, во рок од 12 месеци – соопшти Албанскиот премиер, Еди Рама.

-Никој не може да нè спречи да ја достигнеме главната цел за затворање на преговорите во 2027 година. Бидејќи покрај тешкотиите, пречките, неизбежните штети или неразделната кал, во искачувањето на ова историско искачување, ние растеме и ја зајакнуваме Албанија месец по месец – напиша Рама на својот Фејсбук профил.

Инаку денеска во Рим ќе се одржи првата заедничка седница на владите на Италија и Албанија, предводена од премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони. Како што објавија медиумите, ова е прва седница на италијанската Влада со влада на држава која не е членка на ЕУ.

Состанокот меѓу двете влади ќе биде можност за разгледување на билатералната соработка и договор за понатамошни иницијативи насочени кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Рим и Тирана, идентификувајќи ги клучните сектори како што се одбраната и безбедноста, енергетиката, миграцијата, цивилната заштита, здравството, животната средина, економскиот и инфраструктурниот развој, како стручното оспособување во секој од овие сектори на соработка“, пренесоа медиумите.

Албанија на 15 октомври минатата година го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, со што се одвои од Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. Ваква одлука донесоа амбасадорите на државите членки на ЕУ. Во документот се наведуваше дека Албанија „сега е доволно подготвена во оваа фаза за преговори за кластерот 1“. Македонија и Албанија заедно тргнаа по европскиот пат на почетокот на преговорите пред три години. Причината што Македонија досега не го исполнила условоте е поради тоа што од неа се бара  да го смени Уставот и во него да го вметне и бугарското малцинство. Овој услов влезе во преговарачката рамка која македонското Собрание ја изгласа во јули 2022 година, под називот познат во јавноста како „француски предлог“.

К.К.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинувања за предавство, закани со затвор и опсесија со голи функционери – пратенички прашања во собранието

Sasko Dimovski

Далекуводи без имотни листови и казнени камати на одобрени заеми – ревизорски извештај за работењето на МЕПСО

Sasko Dimovski

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе