Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека повикот на претседателот Доналд Трамп за обновување на нуклеарното тестирање е оправдан, имајќи го предвид тестирањето што го спроведуваат противниците на САД. Тој по состанокот на Г7 во Канада рече дека планот на Трамп опфаќа тестирање на системите за испорака на нуклеарно оружје — од копно, воздух и море — без нуклеарни експлозии. Рубио истакна дека тестирањето е неопходно за да се обезбеди сигурноста и ефикасноста на американскиот нуклеарен арсенал… Тој потсети дека Северна Кореја е единствената земја што извршила нуклеарни експлозивни тестови во овој век.
