Вести Македонија

Средби на коалиционите партнери во власта

Зад затворени врати, далеку од медиумите, коалиционите партнери од власта ги почнале средбите на кои се договара натамошното функционирање на коалицијата. Се зборува за пополнување на испразнетите вицепремиерско и министерско место со кои раководеше Изет Меџити, но и за местата и советите во Град Скопје и општините каде што партнерите се поддржале на изборите. Овие средби ќе траат и во следните денови.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска потврди дека коалициските партнери одржуваат тековна комуникација, но не откри повеќе детали, велејќи дека договарањето не треба да се прави преку медиумите, туку меѓусебно.

И тој, како и Мицкоски деновиве, рече дека, прашањето не е во бројот на местата што ќе ги добијат партнерите, туку во квалитетот на поединците. Премиерот изјави и дека нема потреба Вреди да добијат место плус, но вицепремиерот Арбен Фетаи вчера рече дека сите во оваа коалиција сметаат дека треба да предложат едно име плус министер за животна средина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинувања за предавство, закани со затвор и опсесија со голи функционери – пратенички прашања во собранието

Sasko Dimovski

Далекуводи без имотни листови и казнени камати на одобрени заеми – ревизорски извештај за работењето на МЕПСО

Sasko Dimovski

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе