Вести Најважни Свет

Средба на шефовите на дипломатите од Г7 во Канада

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 се собраа во јужен Онтарио, Канада, во време на растечки тензии меѓу САД и традиционалните сојузници околу трговијата, одбранбеното финансирање и неизвесноста околу планот за примирје во Газа и крајот на војната во Украина. Канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека односите меѓу сојузниците мора да продолжат „на повеќе фронтови“ и покрај трговските притисоци. Таа ги пречека американскиот државен секретар Марко Рубио и нивните колеги од Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а на средбите се поканети и министри од Австралија, Бразил, Индија, Саудиска Арабија, Мексико, Јужна Кореја, Јужна Африка и Украина. Средбата во Канада се одвива во сенка на заострените односи меѓу Оттава и Вашингтон поради новите тарифи на Трамп за канадски увоз и барањата на Белата куќа за поголем придонес на сојузниците во глобалната безбедност и во мировните процеси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе