Вести Македонија Најважни

Загрозени ли се милионите евра од ИПАРД, обвинувања за поврзаност на министерот Трипуновски со корупцискиот скандал

Дали е доведена во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата откако директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев беше уапсен за земање на мито. Стоилев беше фатен како прима 400 евра поткуп за фирма која не исполнува услови да добие пари од ИПАРД. Главниот  ревизор за ревизија на инструментот за претпристапна помош во земјава, Милаим Абдураими во разговор за Телма вели дека на ЕК е да донесе одлука дали би ги замрзнала средствата или не.

„Таа одлука е на ЕК и нашата обврска е да спроведеме ревизии согласно меѓународните стандарди и согласно упатствата на генералниот директорат за земјоделство. Каква ќе биде рекацијата на ЕК за овој случај јас не можам да го кажам тоа“, изјави Абдураими.

СДСМ преупреди дека доведени се во прашање се 128 милиони евра и дека меѓу осомничените е и  Јасмина Костадинова, поранешна посебна советничка на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

„Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство. Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?“, изјави  Александар  Димитриевски од СДСМ.

Од СДСМ додаваат и дека бројни фотографиина Костадинова со Трипуновски, но и со други високи функционери на ДПМНЕ, ја потврдуваат поврзаноста и со него и со партијата на власт. Министерот Трипуновски изјави дека нема да поднесе оставка бидејќи се работи за посебна институција со свој менаџмент и дека не се загрозени ИПАРД средствата.

Истрагата досега покажа дека Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и локална самоуправа во владата на Љупчо Горѓиевски му ветил 50 илјади евра на Стоилев, а полицијата го фатила со првите 400 дадени на рака. Насуфи е управител на фирмата  СИГНАС-АГРО во Струшко Велешта и се гони за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Стоилев е осомничен за примање поткуп.

Марија Митевска

Целото интервју со гавниот ревизор за ИПА, Милаим Абдураими може да го погледнете на линкот подолу.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе