Вести Македонија Топ вести

АХВ заплени и уништи 37 тони храна со поминат рок

Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела спроведе вонредна контрола кај оператор со храна, при што заплени и уништи околу 37 тони производи – јаткасти плодови, зрнести и мешункасти култури, како и разни зачини, без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.

На операторот му е изречена временa забрана за работа, парична казна и наредба за отстранување на утврдените неправилности.

Во текот на неделата, АХВ изврши и вонредни контроли кај други оператори – месарници, ресторани, сендвичарници и маркети.

Кај дел од нив се утврдени прекршоци како нерегистрирано работење, недостаток на обука за безбедност на храната и пуштање во промет на небезбедни производи.

За сторените прекршоци се изречени парични казни, временa забрана за работа и налози за отстранување на неправилностите, а небезбедната храна е уништена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе