Вести Македонија Топ вести

Цвеќе за крај, тешки задачи за почеток, вечерва „генералка“ низ Скопје – Ѓорѓиевски ја презеде функцијата од Арсовска

Новиот скопски градоначалник со цвеќе дојде по градоначалничката фотелја. Букет, насмевка и нов почеток. Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска денеска ја остварија протоколарната средба за примопредавање на функцијата. Поминаа помалку од еден час внатре во кабинетот, а потоа ниту новиот градоначалник, ниту пак поранешната градоначалничка не споделија детали од разговорот. По средбата, Арсовска влезе во возилото и си замина.

Ѓорѓиевски дојде пред камерите да ги најави првите активности. Вечерва е акцијата за „генералка“ на Скопје. Но, прво нешто што направи новоизбраниот градоначалник е отстранување на рампите пред влезот на градските канцеларии.

Ѓорѓиевски најавува „чистка“ и во буквална смисла расчистување на околината од отпад, но „чистка“ и во јавните претпријатија. Ќе има ревизија во Град Скопје, а потоа ќе се поднесуваат и кривични пријави, тврди Орце Ѓорѓиевски.

Вечерва почнуваат да течат 72 часа за расчистување на градот. Ѓорѓиевски информира дека се обезбедува дополнителната механизација за „Комунална хигиена“.

„Во понеделникот имаше 16 исправни возила од „Комунална хигиена“. Мислам дека до вечерва ќе успееме да имаме околу 40 возила на располагање. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, како што тоа беше случај во изминатиот период. Ќе бидат вклучени и цистерни за перење на улиците, после долго време ќе ги переме и улиците во главниот град. Плоштадот ќе се пере вечерва, од денеска почнуваме. Кејот сериозно ќе се чисти, но и ќе се пере кејот. Така што, дел по дел ќе ги ревитализираме јавните претпријатија, да ги доведеме во нормала“, порача Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Ѓорѓиевски најави интервентни мерки и во насока на стабилизација на јавниот градски превоз – најпрво краткорочни решенија, па потоа и долгорочни. На градските улици се враќаат 60 автобуси, со цел да не дојде до прекин на јавниот транспорт.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе