Вести Македонија Топ вести

И родителите на загинатите во пожарот во Кочани на 19. ноември ќе бидат во судница

Родителите на загинатите млади луѓе во пожарот во дискотека Пулс денеска порачаа дека на 19 ноември ќе бидат во судницата кога и официјално започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нивните животи.

До 19 ноември ќе имаат уште два Марша на ангелите, 29-тиот ќе се одржи оваа сабота во Кочани, а 30-тиот го планираат во Скопје.

Семејствата на загинатите во „Пулс“ велат маршевите не се протести, туку се мирни повици за правично судење, да потсетат дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка.

  • Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината – за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот. Во пресрет на почетокот на процесот. Ве повикуваме сите граѓани на Македонија, на Кочани, сите што верувате во човечноста и правдата, да ни се придружите на: 8.11.2025 (сабота), во 14:05 часот, од Паркот на револуцијата Кочани до Основен суд Кочани. Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство, во име на оние што повеќе не можат да чекорат, се вели во соопштението од Здружението на граѓани 16 март 2025.

На обвинителна клупа во судницата во Идризово ќе седнат 34 луѓе, а се гонат и три фирми. Судијката Диана Груевска Илиевска ќе ја дели правдата, како втор член на судечкиот совет ќе постапува судијата Ахмед Идризи.

Сопствениците на дискотеката Пулс, потоа на објектот, двајца поранешни министри за економија, како и екс директори на Дирекцијата за заштита и спасување, четворица службеници од Државен пазарен инспектора, тројцата поранешни градоначалници на Кочани, градежните инспектори, вработени во Агенцијата за обезбедување се дел од обвинетите.

Бројката на жртви во „Пулс“ се искачи на 63 по смртта на фронтменот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо. Над 200 луѓе беа повредени во пожарот на 16 март кој настана како резултат на користење на пиротехнички средства. Инаку, освен на 19 ноември, закажани се уште шест термини за рочишта.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе