Без напредок – најчеста оцена во Извештајот на ЕУ. Дали политичкиот ќорсокак во евроинтеграциите се повеќе е изговор за неспроведените реформи? Каде исчезнуваат заложбите дека со реформски зафати “ќе ја носиме Европа дома”? Зошто ниту парите од Планот за раст не се доволен поттик за промени? Во Топ Тема Боби Христов дебатира со Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ и проф.д-р. Силвана Мојсовска, Економски институт.
Оценка од владата нема веројатно некаква форма на прес -конференција ќе треба да очекуваме утре, но дојде одговор од владејачката партија во одговор на денешната пред – конференција на лидерот на опозицијата и меѓу другото се вели: „за нас е јасно дека вакви и слични извештајчиња ќе продолжат се додека не се најде решение со Бугарија, но и покрај тој негов аспект, извештајот сметаме дека е одличен и не охрабрува да продолжиме на патот на реформите и го гледаме како патоказ на кој треба да се фокусираме во иднина“.
Каква порака да се прочита ако од една страна овој збор „извештајчиња“ навистина е содржан не е печатна грешка, а од друга страна се вели дека тоа извештајче ќе биде патоказот на кој ќе треба власта да се фокусира во иднина, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ кога одговара од позиција на власт одговара во име на владата?
- Зборот кој што е искористен би го интерпретирала на меѓу партиската преписка иако не е соодветен за инструментот кој што го насочува патот за европската интеграција, кое споделена цел на повеќе од 65% од македонските граѓани кои ја поддржуваат стратешката цел членство во ЕУ. Не би го нарекувала „извештајче“ бидејќи е еден од најважните инструменти со кои што може државата да ги спроведе реформите во процес во кој што се наоѓаме веќе 20 години, како земја – кандидат. Исто така не би рекла дека сме на истото место ние сме државата која има солидна усогласеност во европското законодавство, стагнира нормално од мноштво причини. Во делот дека тоа ќе ни биде патоказ се надевам дека ќе биде посериозно сфатено од тоа што било мината година ако ја погледнеме содржината на извештајот, рече Симонида Кацарска, извршна директорка на ЕПИ.
И проф.д-р. Силвана Мојсовска од Економски институт смета дека не е соодветно секако бидејќи овој извештај не го добиваме првпат, партиите на власт ротираат, а сите добивале вакви извештаи и сите постапувале со соодветно внимание.
- Како дошло до оваа изјава не знам, но тоа можеби покажува дека уште повеќе треба да се завртиме кон себе и кон тоа што зборуваме и што правиме затоа што можеби ова е продолжение на тие меѓупартиски преписки, бидејќи начинот на кој се водат кампањите исто така не е соодветен и се користат несоодветни зборови па оваа забелешка од ваша страна е сосема на место и можеби ќе допре до тие што треба да го креираат имиџот на било која од политичките партии, а во исто време секоја од нив кажува – ЕУ е наша стратешка определба. Ако е така тогаш не треба вака да се однесуваат кон оценката која ја добиваме од ЕУ, рече во вечерашната Топ Тема, проф.д-р. Силвана Мојсовска, Економски институт.
