Вести Македонија Топ вести

Меѓу асфалт и невнимание – каде исчезна безбедноста на патиштата?!

Патната мрежа не е доволно безбедна, состојбата е далеку од нивото на европските земји, а проблемот не е само во квалитетот на патиштата. Стручната фела со низа забелешки – на Македонија ѝ е потребен сериозен пристап, со редовни контроли и одржување. Билтените на МВР речиси секојдневно се полнат со информации за сообраќајни несреќи – последната фатална. Вчера, во попладневните часови на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај селото Радобил, загинаа двајца – едниот на 31, другиот на 56-годишна возраст, потврди полицијата. Несреќите се чести и на градските улици, а професорите алармираат – најголем дел од сообраќајките се резултат на човечки фактор, грешки или пропусти коишто ги прават активните чинители во сообраќајот.

„Би кажал дека најголемиот дел од сообраќајните незгоди кај нас, а и во повеќето од европските земји се резултат на човечки фактор и грешки или пропусти што ги прават активните чинители, тоа е човекот како фактор. Но, сепак би рекол дека инфраструктурата во голем дел од сообраќајните незгоди можеби не се наметнува како круцијален или доминантен фактор да се случи сообраќајната незгода, но се наметнува како контрибутивен фактор којшто сериозно влијае посебно во делот на последиците од сообраќајните незгоди“, изјави проф. д-р Зоран Јошевски, Технички Факултет во Битола.

Голем дел од магистралните и регионалните патишта се карактеризираат со необновена и слабо видлива сигнализација, нотира професор Јошевски. Како интервентни мерки за превенција, тука се наметнува идентификувањето на сите хазардни локации на патната мрежа и постапување во делот на нивна санација. Казните помагаат, но индивидуалната свест сѐ уште е ниска.

„Постојат одредени инженерски решенија во повеќето европски држави. Тоа се таканаречените „инженерски контрамерки за безбедност“ коишто пред сѐ опфаќаат редизајнирање на опасните места, опасните делници. Поставување на интелигентна сообраќајна сигнализација којашто реагира во реално време и реални услови. Понатаму, усовршување на хоризонталната сигнализација со примена на т.н. термо-пластични материјали коишто се видливи во абнормални услови, намалена видливост, ноќни услови и слично“, додава Јошевски. 

Јошевски апелира на засилени безбедносни инспекции и заклучува – законите ги имаме на хартија, време е доследно да се применуваат.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе