Вести Свет

(Видео) Се урна товарен авион во Кентаки, има загинати

Товарен авион на компанијата УПС  се урна при полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Следела експлозија и голем пожар. Најмалку седум лица загинале, а најмалку единаесет се повредени во несреќата, некои од нив на земја, според информациите на гувернерот Енди Бешир. Неколку лица се здобиле со критични повреди.

Федералната администрација за воздухопловство на САД  изјави дека авионот се урнал околу 17:15 часот (локално време) на меѓународниот аеродром во Луисвил, „Мухамед Али”, на пат кон Хонолулу.

Авионот бил од типот „Мекдонел Даглас МД-11“, стар 34 години, како што објави Би-Би-Си. Според УПС, авионите од овој тип постепено ќе бидат исфрлени од употреба во наредните години.

Според Крег Гринберг , градоначалник на Луисвил, товарниот авион носел голема количина гориво. Авион од овој тип може да собере до 146.155 литри. Неколку слики покажуваат огромна огнена топка по падот. Би-Би-Си известува дека пламените јазици оштетиле и блиска деловна зграда и неколку продавници.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе