Товарен авион на компанијата УПС се урна при полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Следела експлозија и голем пожар. Најмалку седум лица загинале, а најмалку единаесет се повредени во несреќата, некои од нив на земја, според информациите на гувернерот Енди Бешир. Неколку лица се здобиле со критични повреди.
Федералната администрација за воздухопловство на САД изјави дека авионот се урнал околу 17:15 часот (локално време) на меѓународниот аеродром во Луисвил, „Мухамед Али”, на пат кон Хонолулу.
Авионот бил од типот „Мекдонел Даглас МД-11“, стар 34 години, како што објави Би-Би-Си. Според УПС, авионите од овој тип постепено ќе бидат исфрлени од употреба во наредните години.
Според Крег Гринберг , градоначалник на Луисвил, товарниот авион носел голема количина гориво. Авион од овој тип може да собере до 146.155 литри. Неколку слики покажуваат огромна огнена топка по падот. Би-Би-Си известува дека пламените јазици оштетиле и блиска деловна зграда и неколку продавници.
NEW: Large explosions after UPS Flight 2976 crashes near Louisville International Airport in Kentucky pic.twitter.com/qQ2bSug3tz
— BNO News (@BNONews) November 4, 2025
