Одбојка Спорт

Јанта Волеј освои само еден сет против Ле Канет во ЦЕВ Лигата на шампиони

Одбојкарките на Јанта Волеј загубија од францускиот тим Волеро Ле Канет на првиот натпревар на домашен терен во рамки на 3.коло во ЦЕВ Лигата на шампиони. Нашите девојки направија изненадување во претходната рунда, кога со две победи од по 3-2 го елиминираа Гацко од Босна и Херцеговина, но вечерва во „Јане Сандански“ немаа сили да го изненадат и фаворизираниот ривал. 

Нашите шампионки вечерва во Скопје имаа сили да освојат само еден сет, па Валеро ле Канет славеше со 1-3. Првите два сета им припаднаа на гостинките со 15-25 и 10-25, по што Јанта Волеј одговори со 25-20 во третиот сет. Французинките четвртиот сет го добија најубедливо со 9-25 за да ја запечатат победат. Реванш натпреварот се игра во Франција на 13-ти ноември, односно идниот четврток.

Екипата на Работнички загуби со 3-0 од естонскиот тим РАЕ во рамки на Челинџ Купот. Двата натпревари нашиот тим ќе ги игра на гостински терен, односно денеска само формално беше домаќин, а утре ќе го одигра и вториот дуел. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе