Вести Македонија Топ вести

Мариуш Шчигел: Репортажата треба да ги обедини вистината, фактите и убавината

Деталите се оние кои влијаат на имагинацијата на читателот, додека општите фрази се оние кои ја убиваат репортажата, вели еден од највлијателните полски репортери Мариуш Шчигел.  Во рамки на денешното предавање на тема „Зошто и како пишуваме? За книжевната репортажа во Полска“ Шчигел се осврна и на сите предизвици со кои се соочува репортажата низ историјата до денес. 

Во книжевната репортажа репортерот може да направи се како и писателот, но не смее да измислува. Репортажата треба да ги обедини вистината, фактите и убавината, таа е уметност кој ви нуди во капката вода да се види морето, вели полскиот репортер Мариуш Шчигел. Во време на социјални медиуми и инстант вести која е перспективата на овој жанр кој ги поврза новинарството и книжевноста.

  • Деталите се оние кои влијаат на имагинацијата на читателот, додека општите фрази се оние кои ја убиваат репортажата. Мислам дека кога некој е талентиран може да пишува подолги и пократки форми, но некој што сака да заинтересира со туѓа приказна има еден адут доколку репортажата го опишува животот на човек кого не го знаеме и без оглед во кое време живееме човекот секогаш сака да чита за друг човек.  Сакаме да знаеме што прават другите, како живеат, што работат и какви проблеми имаат. Низ споредбата со другите ние дознаваме и за себе – Мариуш Шчигел, репортер.

Во моментов најголем проблем се лажните вести и мора да се биде многу внимателен со фактите и она што ќе го објавите, вели Шчигел кој се вбројува во еден од највлијателните современи полски репортери и основач на Полската школа на репортажа.

  • Има огромни лаги во јавниот простор и тоа значи каква и да е темата која ќе реши да ја работи репортерот, мора многу повеќе да се погрижи да ги испита податоците со кои располага и да ја испита реалноста. Мора да бидеме многу повнимателни. И секако да се размисли дали сето тоа што го напишав може да се објави или треба да проверам уште еднаш – Мариуш Шчигел, репортер.

Мариуш Шчигел е добитник на Европската награда за литература и на полската книжевна награда „Нике“. Во неговото творештво се вбројуваат и книгите „Готленд“ и „Создај си рај“ кои се преведени на македонски јазик.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе